Дома Фудбал Меси изговори неколку тешки зборови во својата кариера и целиот свет занеме!

Меси изговори неколку тешки зборови во својата кариера и целиот свет занеме!

Лионел Меси во недела повторно ќе излезе на теренот на стадионот „МетЛајф“ во Ист Ратерфорд, но овојпат во сосема различно расположение.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Точно пред десет години истиот стадион беше местото на еден од најтешките моменти во неговата кариера. Аргентина во финалето на Копа Америка загуби од Чиле по изведување на пенали, а токму Меси го промаши првиот пенал за неговата репрезентација.

Скршениот капитен на Гаучосите по натпреварот го шокираше фудбалскиот свет кога објави дека ја завршува репрезентативната кариера.

„Првото што ми помина низ глава и за што размислував во соблекувалната беше дека за мене е завршено. Репрезентацијата е завршена за мене. Изгубив четири финалиња. Така се чувствувам. Сé е многу тажно. Промашив и пенал, а мислам дека ова е најдоброто за сите. Дадов сѐ од себе, но заминувам без освоен трофеј со репрезентацијата.”

Тие зборови го обиколија светот, но откажувањето на Меси не траеше долго. По големиот притисок од јавноста и соиграчите, се врати во националниот тим, а остатокот од приказната стана историја.

Аргентина потоа ја освои Копа Америка во 2021, Финалисима во 2022, Светското првенство во 2022 година, а сега има можност да испише нова страница во фудбалската историја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Олисе не може да „спие мирно“: Еден клуб му е во мислите, но Баерн не го пушта да замине

Мајкл Олисе е наводно решен ова лето да го напушти Баерн и да се пресели на „Сантјаго Берн…