Дома Фудбал Олисе не може да „спие мирно“: Еден клуб му е во мислите, но Баерн не го пушта да замине

Олисе не може да „спие мирно“: Еден клуб му е во мислите, но Баерн не го пушта да замине

Мајкл Олисе е наводно решен ова лето да го напушти Баерн и да се пресели на „Сантјаго Бернабеу“, а информации за животот во Мадрид собирал и од соиграчите од француска репрезентација.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мајкл Олисе би можел да биде едно од најголемите имиња на годинешниот летен трансфер период.

Угледниот француски „Л”Екип“ тврди дека крилниот фудбалер на Баерн е целосно фокусиран на премин во Реал Мадрид и дека својата иднина ја гледа исклучиво на Сантјаго Бернабеу.

Според истиот извор, Олисе не ја криел својата желба ни во рамките на француската репрезентација.

Наводно, од соиграчите кои добро го познаваат Реал Мадрид и животот во шпанската престолнина побарал информации кои би му помогнале во реализацијата на трансферот.

Особено се истакнува дека разговарал со Килијан Мбапе, кој веќе е член на Кралскиот клуб, за да дознае што повеќе детали за животот и работата во Мадрид.

Медиумот наведува дека желбата за премин во Реал кај Олисеа станала вистинска опсесија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Земјотрес“ го тресе фудбалскиот свет: Салах е подготвен да ја намали платата само за да потпише за еден тим

Според медиумските информации, голем клуб направи прв конкретен чекор во обидот да го доне…