Дома Фудбал Барселона не запира: Каталонците формираат страшен напад?!

Барселона не запира: Каталонците формираат страшен напад?!

Нико Вилијамс е на чекор до Барселона, а наводно неговото пристигање не е поврзано со можен трансфер на Маркус Рашфорд?!

Гласините од Каталонија денес велат дека англискиот играч сè уште е на радарот на Барса, особено кај Ханси Флик, кој смета дека Рашфорд е совршената конкуренција на Роберт Левандовски.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Феран Торес одлично се снајде на крајот од сезоната кога Полјакот беше повреден, но иако се прилагодува како “деветка”, сепак не е класичен напаѓач.

Ханси Флик го известилспортскиот директор Деко и претседателот Жоан Лапорта дека за освојување на сите трофеи е потребна “длабочина” во тимот, односно посилна ротација. Тој потенцираше дека минатата сезона беше очигледно дека Ансу Фати и Пау Виктор не се замена за ниту еден напаѓач, и затоа се на трансфер листа.

Со заминувањето на двајца напаѓачи, се ослободи простор што, покрај Нико Вилијамс, може да го пополни токму Рашфорд.

Англичанецот е подготвен да чека колку што е потребно за Барселона, дури и да прифати значително пониски примања, бидејќи не сака да се врати во Јунајтед. Клубот од Манчестер бара трајно решение и би го продал веројатно за 30-40 милиони за неговиот трансфер, што Барселона нема да може да го плати доколку дојде и Нико Вилијамс.

За Каталонците единствената опција е Рашфорд да дојде на позајмица со право на откуп наредното лето.

Навивачите на Барселона веќе мечтаат за нападот – Нико и Јамал по крилата, Рафиња зад Рашфорд, бидејќи Левандовски влегува во својата 38-ма година, а таму се и Дани Олмо, Фермин Лопез и споменатиот Феран Торес.

Останува да видиме дали можеби во Барса размислуваат на некоја неочекувана продажба, или ќе му овозможат на Флик вакви опции, со по двајца извонредни играчи на секоја напаѓачка позиција…

Фото: Aston Vila FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мајорка го сака Столе Димитриевски

Голманот на македонската репрезентација, Столе Димитиревски, по само една сезона ќе ја нап…