Дома Фудбал Баер го посакува играчот на Реал. Тие веќе разговарале со неговото семејство

Баер го посакува играчот на Реал. Тие веќе разговарале со неговото семејство

Баер го следи Арда Ѓулер (19), откри фудбалскиот инсајдерски Флоријан Плетенберг. Клубот од Леверкузен беше заинтересиран за турскиот напаѓач уште пред тој да замине од Фенербахче во Реал Мадрид во 2023 година во трансфер вреден 20 милиони евра.

Шпанските медиуми го сметаа Ѓулер за наследник на Лука Модриќ (39), но Турчинот се уште ја нема добиено целосната доверба од тренерот Карло Анчелоти.


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Во сезоната 2023/2024. забележа 12 настапи (440 минути) и шест гола, додека во тековната сезона има 17 настапи (575 минути), еден гол и една асистенција.

Плетенберг откри дека Реал нема намера да го пушти во зимскиот преоден рок, но доколку на лето се појави понуда според која Ѓулер би добивал редовна минутажа во врвен клуб, младиот фудбалер би можел да замине на позајмица.

Леверкузен, актуелниот шампион во Бундеслигата и победник на германскиот куп, веќе стапил во контакт со семејството и менаџерите на Ѓулер, но не разговарале со раководството на Реал.

Договорот на Ѓулер со мадридскиот клуб е со важност до летото 2029 година, а Tрансфермаркт неговата вредност ја проценува на 45 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фенербахче му ја исполни желбата: Мурињо доби големо засилување

Eкипата на Фенербахче предводена од Жозе Мурињо доби ново засилување во своите редови и то…