Дома Фудбал Баер бесплатно го донесе младиот аргентински талент

Баер бесплатно го донесе младиот аргентински талент

Младиот аргентински напаѓач Алехо Сарко (18) е нов член на Баер Леверкузен, објави актуелниот германски фудбалски шампион.

Младиот „Гаучо“ како слободен играч пристигна во Баер од аргентинскиот Велез, потпишувајќи четиригодишен договор.

“Ова е нешто за што сонував. Баер долго време се интересираше за мене и внимателно ја следев одличната мината сезона на клубот. За мене е возбудливо што сум дел од овој тим и голем предизвик”, изјави младиот играч.

Баер Леверкузен моментално е на второто место во Бундеслигата, со четири бода помалку од лидерот Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салах нема да игра за Египет поради вештачка трева

Мохамед Салах нема да патува со египетската репрезентација на нивниот втор квалификациски …