И во вториот дел од сезоната Арсенал ќе го испрати македонскиот репрезентативен голман, Дени Илиев на нова позајмица.
Илиев во вториот дел од сезоната ќе игра во полскиот тим Јагелонија. Во последните неколку месеци македонскиот голман бранеше за словачкиот прволигаш Серед каде што собра 18 натпревари и на три од нив ја сочува својата мрежа, а прими вкупно 26 гола.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Сега според новинарот Џорџ Бирд Арсенал ќе го испрати Илиев во Полска.
Очекувањата се 24 годишниот македонски голман во Јагелонија да остане до крајот на актуелната сезона.