Дома Фудбал Почина поранешна фудбалерка на Арсенал и Челзи по долга и тешка болест

Почина поранешна фудбалерка на Арсенал и Челзи по долга и тешка болест

Ејми Кер, поранешната играчка на Челзи и Арсенал, почина на 35 години по борба со тумор.

Кер се бореше против страшната болест цели 11 години, а на крајот туморот на мозокот ѝ го одзема животот. Туморот ѝ беше дијагностициран во 2015 година и оттогаш почна нејзината борба. На поранешната голманка на Челзи, Арсенал и Рединг ѝ беше кажано на крајот на 2025 година дека болеста напредувала и дека ѝ останало многу малку време за живот.

Кер во 2024 година трчаше и маратон во Даблин во хуманитарни цели, токму во борба против туморот. Беше член на репрезентацијата на Англија во младинските категории и експертите ѝ предвидуваа голема кариера.

Од неа се опрости и организацијата која се занимаваше со борба против туморите:

– Со голема тага ја примивме веста дека Ејми Кер почина по битка со тумор на мозокот на 35 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Карагер: Добро е што Емери не оди во Јунајтед – ќе ги направеше посилни!

Џејми Карагер повторно ја отвори темата за иднината на Унаи Емери, откако неговите претход…