Дома Фудбал Италија Aнчелоти: Барса не е наш ривал за титулата, тука се Севиља, Атлетико и Бетис

Aнчелоти: Барса не е наш ривал за титулата, тука се Севиља, Атлетико и Бетис

Tренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не ја гледа Барселона како ривал за титулата во Ла Лига.

Реал е на врвот на табелата во Шпанија, додека Барселона е со осма со 18 бодови помалку, па и самите каталонци веројатно полека се откажуваат од надежата за титулата оваа сезона.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Барса наш директен ривал за титулата? Не. Тука се Севиља, Атлетико и Бетис, но се се сложувам со Чави. Барселона има квалитет да се бори. Доколку јас сум тренер на Барселона би го кажал истото. Нормлано дека нема да се предаде“, изјави Анчелоти.

Реал во сите натпреварувања запиша 10 победи во низа, а во тој период славеше и против екипи од врвот на табелата како Атлетико, Сосиедад и Севиља. Утре „кралевите“ ги чека дуел со Кадиз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Њукасл спремен да го пушти Исак во Ливерпул

Bританските медиуми во петокот објавија дека раководството на Њукасл очекува нова понуда о…