Дома Македонски спорт Aндонова: Зошто нема поддршка за женскиот фудбал? Вака не одиме на подобро…

Aндонова: Зошто нема поддршка за женскиот фудбал? Вака не одиме на подобро…

Женскиот фудбал во Македонија не е на некое сјајно ниво, тоа го покажуваат и резултатите, а нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова сега го крена гласот и побара да се реагира, во спротивно работите одат само на полошо…

Андонова која во овој момент го носи дресот на шпански Леванте, а во кариерата настапуваше и за други европски клубови меѓу кои и Барселона, па добро знае како треба да се работи испрати порака дека работите мораат да се променат.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Сакам фудбал , обожавам фудбал! Ја сакам МАКЕДОНИЈА!!! Али едно ми е нејасно, и ме мачи! Како може во една златна и чудесна МАКЕДОНИЈА да нема институција која што ќе завземе став за подршка,земја во која што видовме толку многу успеси во кои што никој не веруваше и цел свет не потценуваше, во фудбал, во ракомет и кошарка, да се потруди и посака барем малку да придонесе и помогне во ЖЕНСКИОТ фудбал во оваа држава?! Во оваа женска репрезентација која што претставува држава во која што има преголем талент за кој што секојдневно се губи интерес, поради немање финансии,поради не средени стадиони,буквално тренирање на ливада… Условите за тренинг даваат резултати, а резултатот е очигледен… За жал ќе биде полошо, не идеме на подобро !!!!“, напиша Андонова на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…