
Вардар денес го играше натпреварот против Војводина во кој забележа победа од 25:21.
Тренерот Стевче Алушовски беше посебно задоволен од играта во одбрана.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Ова е прв натпревар и сум прездоволен, пред се од играта во одбрана примивме само 21 гол. Послаб дел од играта е нашиот напад, оправдување може да биде тоа што имавме еден комплетен тренинг со сите играчи. Мислам дека сите играчи го дадоа својот максимум, имаше грешки, но го испочитуваа договорено. Игравме прв натпревар после долго време, сега е натпреварот против Нексе за кој имаме три дена да се спремаме. Им честитам на момците за залагањето“.
За повредата на Дисингер.
„Дисингер имаше мала повреда од претходната недела и не тренираше четири дена. Повредата беше точно каде што беше и претходноте. Ќе почекаме, но мислам дека станува збор само за моментална болка и дека се ќе биде во ред“, изјави Алушовски.