Дома Фудбал Лига на шампиони Атлетико без милост, Милан рутински

Атлетико без милост, Милан рутински

Атлетико Мадрид и Милан забележаа гостински победи во Лигата на шампиони против Спарта Прага односно Слован Братислава.

„Росонерите“ стигнаа до трета последователна победа и славеа со 2:3 во Братислава. Пулишиќ го доведе Милан до водство, но само неколку минути подоцна Слован израмни.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во второто полувреме Леао влезе во игра и тој го донесе тимот во водство од 1:2, а Абрахам зголеми неколку минути подоцна. Домаќинот успеа да намали на самиот крај за конечни 2:3.

Атлетико ја прегази Спарта со апсолутна доминација на теренот и успеа да ја поправи гол-разликата со шест гола. Алварез и Кореа постигнаа по два гола, а во листата стрелци се запишаа уште Гризман и Љоренте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Аморим: Бајандир брани против Сити, Ламенс ќе брани години

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, потврди дека нема да го менува голманот за …