Дома Фудбал Ас: Пораката на Мбапе на масата во соблекувалната е пресвртница

Ас: Пораката на Мбапе на масата во соблекувалната е пресвртница

Серијата лоши резултати на Реал продолжи на Сан Мамеш каде Атлетик победи со 2:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тоа беше петти пораз во последните 11 натпревари на мадридскиот гигант, а дојде со уште една лоша партија на Килијан Мбапе. Но, ситуацијата наскоро може да се промени, пишува Ас, откривајќи што се случило по натпреварот.

„Во соблекувалната, додека атмосферата беше на најниско ниво, Мбапе разговараше индивидуално со некои истакнати играчи на тимот. На секој од нив му го кажа истото. Се извини и ја покажа својата желба да стане вистински лидер на новиот проект“, пишува Ас.

„Нешто се случи, Сан Мамес е пресвртница во кариерата на Мбапе во Реал“, се нагласува во текстот и се открива дека францускиот напаѓач по поразот оставил белешка на масата на лист на која пишувало: „Ќе покажам кој сум.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид го претстави Дамфрис, еве колку го плати

Реал Мадрид го потврди пристигнувањето на холандскиот дефанзивец Дензел Думфрис од Интер М…