Дома Фудбал Англиски медиуми: „Тешко е да се разбере што се случи со Гвардиол…“

Англиски медиуми: „Тешко е да се разбере што се случи со Гвардиол…“

Иако се чинеше дека победа на Манчестер Сити над Нотингем Форест ќе донесе подобри денови, тоа не се случи.

Граѓаните имаа нов кикс кај Кристал Палас, 2:2, иако двапати беа во негатива.

Јошко Гвардиол го одигра целиот натпревар на нова позиција, Пеп Гвардиола го префрли на централен дефанзивец, но по натпреварот Хрватот мораше да се соочи со нови критики.

„Тешко е да се разбере што се случи со Гвардиол, од сигурен и елегантен дефанзивец стана играч кој носи неразбирливи одлуки. Во клучните моменти игра како пиле без глава, а со првиот гол беше преслаб во дуелот.

Беше во стартниот состав само поради бројните повреди во одбраната“, тврди Манчестер Сити њуз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија ја почнува новата сезона во Лигата на Нации – Швајцарија е гостин во Скопје!

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 20:45 часот на Националната арена „Тод…