Дома Фудбал Адеми: Цела недела имав чувство дека ќе поминеме, но така сакаше Господ

Адеми: Цела недела имав чувство дека ќе поминеме, но така сакаше Господ

Фудбалерите на Динамо синоќа на Максимир го совладаа Милан со 2:1, но не успеаја да се пласираат во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мартин Батурина погоди во 19. минута за водство на Динамо, додека Кристијан Пулишиќ во 53. минута израмни на 1:1. Марко Пјаца со гол во 60. минута му донесе триумф на Динамо, но тоа не беше доволно.

Прв пред камерите на ХРТ застана капитенот на Динамо, Аријан Адеми, кој беше разочаран од исходот. „Штета што не беше наградено како што требаше. Се чувствувам навистина лошо. Цела недела имав добро чувство дека ќе победиме и ќе поминеме, но така сакаше Господ“.

Одигравме одличен натпревар, вршевме притисок врз нив, бевме на врвно ниво, на ниво на најдобрите тимови. Им честитам на момците, горд сум. Да, ова ќе биде мотивација за понатамошен напредок. Видовме на кое ниво сме. Не можеме да одиме под него“, изјави Аријан Адеми за ХРТ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Причината поради која доцни официјалното потврдување за Карик

Веќе е извесно дека Мајкл Карик ќе остане на менаџерската позиција на Манчестер Јунајтед п…