Еден од нашите најдобри фудбалери Арајан Адеми уште еднаш најави дека тој силно верува во изненадување со Македонија на Европското првенство.
Македонија ова лето ќе дебитира во сениорска конкуренција на едно Европско првенство, а Адеми смета дека токму тоа што некои не гледаат „понижувачки“ може да биде нашиот најголем адут.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Убеден сум дека Македонија ќе биде изненадување на ЕП 2021, верувам дека ќе направиме големи работи. Знам дека звучи амбициозно, но јас навистина го мислам тоа. На нас се гледа како на атусајдери, најмали сме, но затоа што не гледаат „понижувачки“ можеме да бидеме најопасни.“.
Адеми зборуваше и за неговата ситуација во Динамо Загреб каде што веќе неколку години е клучна алка. Македонскиот фудбалер не ја исклучува можноста ако пристигне прифатлива понуда да направи трансфер во некоја од најсилните лиги.
„Може да останам тука и до крајот на кариерата, не жалам за ниту една минута во овој клуб. Ги поминав најубавите приказни во кариерата и за мене тоа е големо задоволство и чест. Но, ако дојде некоја понуда од „топ 5“ првенства би можел да се пробам“, изјави Адеми.