Изминатите денови македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо Загреб Аријан Адеми беше во центарот на вниманието на хрватските медиуми затоа што беше објавено дека е во војна со клубот.
Најпознатите хрватски медиуми во понеделникот објавија за „земјотрес“ на „Максимир“ тврдејќи дека Адеми бил лут на управата и побарал трансфер. Се објавуваше и дел од разговор од соблекувалната, како Адеми на прашања на тренерот одговарал дека нема што да каже.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сега вториот Македонец од Динамо, Стефан Ристовски зборуваше за ситуацијата истакнувајќи дека се е премногу извадено од контекс и тоа со злобна намера.
„Тоа што се случува во соблекувалната е наша приватна работа и никој од надвор не знае каква е атмосферата.
Да, Адеми кажа така навистина: „немам што да кажам“, но сето тоа е премногу злободно извадено од контекс. Состанокот беше супер имаше зафрканција, а тренерот Чачиќ и мене ме праша: Риле, имаш ли ти нешто дадодаше? Јас кратко кажав. „немам“ затоа што навистина немав“.
„Потоа тренерот продолжи „Дај капитене, кажи ти нешто? А, Аки кој е мој брат се насмеа и рече: Па, немам шефе, одиме…“. Таа зафрканција во медиумите излезе како да имало големи проблеми во соблекувалната. Тренерот секогаш не прашува дали некој сака да каже нешто, меѓутоа воглавно ги нема и тоа е нормално“, објасни Ристовски.