Утре Аријан Адеми ќе го одигра последниот натпревар во дресот на Динамо Загреб каде што настапуваше цели 13 години.
Од Динамо Адеми заминува како рекордер по бројот на трофеи, рекордер во европски настапи и втор на вечната листа во вкупни настапи. Динамо подготви специјални маички во чест на збогувањето на македонскиот репрезентативец (ТУКА).
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Покрај маичките од Динамо, „Бед Блу Бојс“ му подготвуваат спектакуларен проштален натпревар. За заминувањето на Адеми денес зборуваше и тренерот на хрватскиот гигант, Анте Чачиќ.
„Ќе треба да се навикнеме на ера без Адеми. Даде навистина многу за клубот, но и клубот му даде на него, сетете се на допинг аферата од која за фала му на богу излезе чист. Негова желба беше да си ја обезбеди иднинатан а семејството со ова заминување и сакаше да се прости кога е на највисоко ниво. Адеми е пример за секој од прв до последен во соблекувалната,. Јас му благодарам за се, а тој од сите аспекти и човечки и натпреварувачки заслужува да направиме се за ова простување да му остане во големо сеќавање“, изјави тренерот Чачиќ.
Последниот натпревар за Адеми во дресот на Динамо ќе биде дербито против Ријека. Кога се личните услови во прашање, Адеми во тимот на Пекинг Гуан ќе заработува 1.65 милиони евра годишно, а потпиша соработка на три години.