Дома Македонски спорт Мак фудбал Aврамовски отвори од слободен и стави точка – Вардар го доби Работнички! (ВИДЕО)

Aврамовски отвори од слободен и стави точка – Вардар го доби Работнички! (ВИДЕО)

Денес на „Тодор Проески“ беше одиграно градското дерби помеѓу Работнички и Вардар.

69-тото скопско дерби на крајот заврши со победа за Вардар од 0:1.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Вардар со оглед на формата во која игра Работнички сезонава беше фаворит за победа. Сепак, „романтичарите“ добро се држеа.

На стартот од натпреварот немаше премногу шанси, Вардар имаше теренска иницијатива, но не успеваше да креира посеризони шанси. По активно Вардар нападна во вториот дел од првото полувреме, а најголемата шанса ја пропушти Мицевски кој ја погоди стативата.

После стативата на Мицевски, Колевски пропушти две прилики.

Второто полувреме беше бавно изгледаше како и двата тима да се задоволни со бод. Клучниот момент се случи во 75-тата минута кога најдобриот стрелец на Вардар, Аврамовски постигна гол од слободен удар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…