Дома Фудбал Репрезентации Aнчелоти: Ми годи тоа што Бразил ме сака

Aнчелоти: Ми годи тоа што Бразил ме сака

Пред неколку години италијанскиот стратег, Карло Анчелоти изјави дека по завршување на епизодата во Реал Мадрид ќе се пензионира, но сега го сменил мислењето.

Во јавноста актуелни се најавите дека може да стане селектор на репрезентацијата на Бразил. Иако неодамна потенцираше дека сака да работи во Реал Мадрид до крајот на кариерата, сепак му годи и интересот од „Кариоките“.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


„Не сум изненаден од тоа што се пишува за мое заминување, не сум загрижен. Мене ми е важно само добро да си ја работам работата и ќе продолжам тоа да го правам додека Реал е задоволен од мене“.

„Тоа што Бразил ме сака сигурно дека ми годи…Тие се голема репрезентација, но јас сакам да си го одработам мојот договор со Реал“, изјави Анчелоти.

Го запрашаа новинарите и дали по завршувањето на обврските во Реал ќе се пензионира, Анчелоти кратко одговори „не“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Лукаку: Плачев седум дена после промашувањето против Хрватска

Ромелу Лукаку призна дека паднал во депресија по испаѓањето на Белгија од Светското првенс…