Дома Македонски спорт Мак баскет Aндреј Андоноски три години во МЗТ Скопје

Aндреј Андоноски три години во МЗТ Скопје

Македонскиот репрезентативец и еден од најдобрите во нашиот втор тим во изминативе сезони, Андреј Андоноски (20 год, 203 см), во следните најмалку три сезони ќе настапува за најдобриот состав на МЗТ Скопје Аеродром откако денеска потпиша договор до 2025 година со можност за продолжување на соработката.

Станува збор за еден од најталентираните македонски кошаркари во моментов, кој игра на позицијата крилен центар и кој веќе има пет средби одиграни за најсилниот состав на жолто-црвената селекција.

Претходно беше еден од лидерите на кадетската, јуниорската и на младинската репрезентација, со која летово настапи на Европското првенство (ЕП), дивизија Б во Тбилиси.

Од Андоноски очекуваме да биде еден од предводниците на МЗТ Скопје во идниот период, односно достоен наследник на генерациите кои досега доминираа во макбаскетот носејќи го сино-белиот дрес.

Тој е десеттиот кошаркар со кој во моментов располага тренерот Александар Петровиќ, по Дамјан Стојановски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Робев, Американците Бре Ајви, Мајк Кафи и Еван Максвел, како и српскиот интернационалец Страхиња Миќовиќ. Тука се и талентираните Димитар Иванов, Бојан Величковски и Марко Спасовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Oдреден календарот: Новата кошаркарска сезона започнува на 8. октомври

На првата седница пред стартот на новата сезона 2022/2023, познати и натпреварувачките бро…