
На младиот аргентински фудбалер Џанлука Престиани му се заканува проблем за учеството на Светското првенство, откако ФИФА реши да ја прошири казната што претходно му ја изрече УЕФА. Причината за оваа одлука е вербалната расправија со Винисиус Жуниор за време на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Бенфика и Реал Мадрид.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
ФИФА соопшти дека суспензијата на Престијани, која му ја изрече УЕФА, ќе важи за сите натпреварувања под нејзина надлежност, вклучително и Светското првенство. Аргентинецот е казнет со забрана за играње на шест натпревари, од кои три се условни. Еден натпревар од казната веќе е одработен, и тоа ретроактивно, во возвратниот дуел против Реал Мадрид.
“Дисциплинскиот одбор на ФИФА реши да ја прошири суспензијата што УЕФА му ја изрече на играчот на Бенфика, Џанлука Престијани, со цел казната да важи и глобално. Оваа мерка е преземена согласно членот 70 од Дисциплинскиот кодекс на ФИФА,” изјави портпаролот на ФИФА за шпанскиот весник AS.
Овој потег значи дека Престијани сигурно ќе ги пропушти првите два натпревари на Аргентина на Светското првенство. Доколку повторно го прекрши овој кодекс, ќе се активираат преостанатите условни натпревари, што би можело да го отстрани од теренот за подолг период.
Инцидентот се случи за време на натпревар од Лигата на шампионите, а иако првично се шпекулираше за расизам, истрагата не го потврди тоа. Според извештаите од Шпанија, дисциплинските тела утврдиле дека Престијани упатил хомофобни навреди на бразилскиот фудбалер, што резултирало со строга казна од УЕФА, која сега е потврдена и од ФИФА.