Дома Фудбал Симеоне само со учеството во ЛШ на Атлетико му заработил богатство!

Симеоне само со учеството во ЛШ на Атлетико му заработил богатство!

Оваа сезона веќе заработија 75,15 милиони евра, а кога УЕФА ќе ја заврши пресметката на крајот на сезоната, очекуваат дополнителни 30-тина милиони.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Иако Атлетико Мадрид нема да игра во финалето на Лигата на шампионите оваа година, во економска смисла „Рохибланкос“ се на врвот откако тимот го води аргентинскиот тренер, Диего Симеоне. Тој го презеде мадридскиот клуб во декември 2011 година, и првата сезона ја заврши со победа во Лигата на Европа, каде што во финалето во Букурешт го совладаа Атлетик Билбао со 3:0, додека во домашното првенство завршија на петтото место.

Симеоне го донесе Атлетико до третото место во првенството на крајот од наредната сезона, што тогаш претставуваше најдобар резултат во 17 години. Под негово водство, тимот освои две шампионски титули (2014, 2021), a исто така, 13 години по ред се натпреваруваше во Лигата на шампионите, заработувајќи неверојатни 935,6 милиони евра, според податоците на „Марка“.

Оваа сезона веќе заработија 75,15 милиони евра, а кога УЕФА ќе ја заврши пресметката на крајот на сезоната, очекуваат дополнителни 30-тина милиони. Можеби тоа ќе биде рекордна заработка од Лигата на шампионите за една сезона. Досега, најголемата заработка ја постигнаа во сезоната 2023/24, кога ова елитно натпреварување им донесе 102,3 милиони евра.

Интересно е што во сезоните 2013/14 и 2015/16, кога стигнаа до финалето и двата пати загубија од Реал Мадрид, заработија 52,6 и 69,6 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Хулк на 40 години има нов клуб!

Бразилската фудбалска икона, Хулк, го продолжи договорот без планови за пензионирање, и по…