Дома Фудбал Иран поставил услови за да допатува во САД: ФИФА е наш домаќин, не господинот Трамп!

Иран поставил услови за да допатува во САД: ФИФА е наш домаќин, не господинот Трамп!

Натпреварувањето на Иран на Светското првенство останува неизвесно поради комплицираниот однос со САД и Израел, а дополнително внимание предизвика изјавата на претседателот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Таџ.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Тој истакна дека Иран оди на турнирот како репрезентација што се квалификуваше и дека домаќин не е американската администрација, туку ФИФА. „Настапуваме на Светското првенство за кое се квалификувавме, при што нашиот домаќин е ФИФА, а не господин Трамп или Америка“, изјави Таџ за иранската државна телевизија.

Иранците бараат уверувања дека за време на престојот на турнирот нема да бидат, како што тврдат, омаловажувани симболите на нивниот систем, особено Исламската револуционерна гарда. „Потребно ни е уверување дека никој нема право да ги навредува симболите на нашиот систем, а посебно ИРГЦ. Ако такво уверување постои и ако се преземе јасна одговорност, тогаш нема да се повтори случајот од Канада“, порача Таџ.

Иранската делегација неодамна беше вратена од канадската граница пред Конгресот на ФИФА во Ванкувер, бидејќи, според нив, била изложена на непочитување од имиграциските служби. Канадскиот министер за имиграција подоцна потврди дека визата на Таџ била поништена додека тој бил во авионот поради неговите врски со ИРГЦ.

Светското првенство ќе го организираат САД, Канада и Мексико. Иран треба да одигра две натпревари во Лос Анџелес – против Нов Зеланд на 15 јуни и Белгија на 21 јуни – потоа против Египет во Сиетл на 26 јуни.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, претходно изјави дека Иран ќе игра според закажаниот распоред, иако иранската страна бараше нивните натпревари да бидат преместени во Мексико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Американските хотели го обвинија Инфантино дека лаже: Имаме дури и помалку резервации!

ФИФА го најави Светското првенство како голем економски подем за Соединетите Американски Д…