Дома Фудбал Мбапе веќе не е посакуван во Мадрид: Над 12 милиони навивачи сакаат да си замине!

Мбапе веќе не е посакуван во Мадрид: Над 12 милиони навивачи сакаат да си замине!

Килијан Мбапе ја изгуби поддршката од бројни навивачи на Реал ширум светот, што доведе до покренување на онлајн петиција со милионски број на потписи, со кои се бара неговото заминување од клубот. .

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


И покрај одличната дебитантска сезона (44 гола) и 41 постигнат гол во тековната втора сезона, Французинот на Бернабеу се соочува со силни критики од соиграчите, тренерите и навивачите за неговиот однос на теренот и надвор од него. Навивачите преземаа драстични чекори преку петицијата насловена “Мбапе надвор”. Во моментот на пишување на текстот, над 12,28 милиони луѓе ја потпишале оваа иницијатива.

Слоганот на петицијата гласи: “Мадридисти, нека се чуе вашиот глас. Ако мислите дека промените се неопходни, не молчете. Потпишете ја оваа петиција и залагајте се за она што е најдобро за иднината на клубот.”

Пред неколку месеци, оние кои поддржуваат Реал без Мбапе, како причина ја наведоа тактиката. Потенцираа дека тимот е еднодимензионален во нападот кога тој го предводи, дека му недостасува поврзаност со Винисиус Жуниор и дека не игра пресинг ниту се враќа назад во одбраната.

Сите овие причини се потврдија кога Лос Бланкоси прикажаа најдобар фудбал сезонава токму без Мбапе во почетниот состав. Пред репрезентативната пауза во март, остварија пет последователни победи, вклучувајќи триумфи против Манчестер Сити во двата натпревари од осминафиналето на Лигата на шампионите и победата во мадридското дерби.

Откако Мбапе се врати во составот, петнаесеткратните европски шампиони успеаја да победат само еднаш во наредните шест натпревари во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mурињо му поставил услов на Реал Мадрид: Го сака она што го немаа ниту Алонсо, ниту Арбелоа!

Жозе Мурињо и натаму е сериозна опција за Реал Мадрид, сепак, иако е спремен веднаш да се …