
Уште една мачна сезона за Реал доведе до голема нервоза во таборот на „кралскиот клуб“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Кралевите“ и оваа година останаа без ниту еден трофеј. За да биде ситуацијата уште потешка, во недела играат „Ел Класико“ во Барселона, која првпат во историјата има можност да ја прослави титулата токму на натпреварот против Реал.
И порано се зборуваше дека меѓу некои играчи владее одреден вид на нетрпеливост, а сега шпанската „Марка“ известува дека дошло до судир помеѓу Орелиен Чуамени и Федерико Валверде.
Под винетка ексклузивно, „Марка“ објави приказна за инцидентот на тренингот на актуелниот и, веројатно, идниот вицешампион на Ла Лига, најпрвин на теренот, а потоа и во соблекувалната.