Дома Македонски спорт Aнгеловски задоволен од тренинг-кампот: Потенцијал има, мораме да бидеме спремни на секакво сценарио

Aнгеловски задоволен од тренинг-кампот: Потенцијал има, мораме да бидеме спремни на секакво сценарио

Потенцијалните репрезентативци денес го победија Работнички со 2:0, а селекторот Игор Ангеловски е задоволен од она што го прикажале повиканите фудбалери.

Ангеловски повика тренинг-камп кој почна пред два дена и заврши денес со натпреварот против Работнички.

„Најзадоволен сум што немаше повреди и благодарен сум на клубовите што ги ставија своите играчи на располагање иако не стануваше збор за ФИФА термин. Целта беше овие фудбалери да се запознаат со принципот на работа на А-репрезентација, но и ние одблиску да се запознаеме со нивните квалитети. Станува збор за фудбалери кои ги познаваме од настапите во клубовите и кога се ќе се собере можам да кажам дека има потенцијал“.

„Не знаеме каква ќе биде ситуацијата со пандемијата и никој не може да знае дали ќе ги имаме најдобрите на располагање. Со овој тренинг камп можев да видам со какви резеревни решенија располагаме. Рано е и ќе видам во март што ќе имам на располагање, го знаете правилото на ФИФА дека клубот може да не му дозволи да на играчот да одговори на повикот од репрезентацијата ако треба да оди во карантин. Ситуацијата специфична и мора да бидеме спремни за секакво сценарио, можеби и ќе имаме некој поширок список, но не кој премногу обемен“, изјави Ангеловски по денешниот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Навивачите на Сити му се налутија на Гвардиола: Немаме време сите во среда навечер за гледање фудбал во живо!

Пеп Гвардиола ги критикуваше навивачите на Манчестер Сити, а тие веднаш му одговорија. Сит…