Дома Фудбал Германија Aнализа на дербито на денот: Баерн гостува кај Леверкузен!

Aнализа на дербито на денот: Баерн гостува кај Леверкузен!

Баер Леверкузен – Баерн Минхен е дербито на колото викендов во Бундеслигата. Ќе биде ова интересен меч, а тимот од Минхен сака одмазда за поразот во Ноември на домашен терен. Бош пак, се надева дека на сличен начин како тогаш, ќе муже да му откине уште некој бод на лидерот на табелата.

Како Баер го надмудри Баерн во ноември!?

На првиот меѓусебен натпревар сезонава во Ноември, Леверкузен приреди големо изненадување славејќи на гости со 1:2. Леон Бејли постигна два гола од контра-напад и тоа во првите 35 минути и после се беше полесно за тимот. Баерн имаше 75% посед на топка, целосно ја контролигаа играта и го диктираа темпото, но не можеше да го одбрани огромниот простор зад нивната високо поставена дефанзивна линија. Брзите Бејли и Диаби тоа нормално дека знаат да го искористат, а се чини дека на играчите од средниот ред на Леверкузен главна задача им беше да додаваат долги топки во празно кон крилата. Сепак, лидерите во лигата се значително поорганизирани сега под водство на Ханс Флик кој очгледно дека и покрај скепсата кон неговото име, тој знае што прави. Но тие остануваат ранливи на брзи фудбалери како Бејли, Диаби или Хаверц кој игра неверојатно и покрај своите 20 години.

Бош знае дека не може со отворен гард против Баерн


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бејли ќе започне на лево крило, далеку од непробојниот Алфонсо Дејвис и ќе работи зад ранливиот Бенџамин Павард. Питер Бош токму тока повторно и повторно ја гледа својата шанса. Неверојатниот Хаверц ќе ја предводи офанзивната линија и ќе влече неколку фудбалери кон него. Негова задача овој пат нема да бидат головите, туку привлекување на дефанзивците на Баерн и брзи пасови кон офанзивните крила, најчесто зад Павард кон Бејли. Бош е свесен дека не може да му се спротистави на Баерн Минхен со отворен гард и затоа спрема неколку варијанти, но во сите тие главниот збор е конра напад и Бејли.

Празните стадиони му одговараат на Баерн Минхен

Баерн Минхен од друга страна во моментов изгледа незапирливо. Некеко нивните игри на мирен начин но сепак покажувајќи немилосрдност сугерираат дека празните стадиони им помагаат да се фокусираат. Нивната победа од 5:0 над Дизелдорф минатиот викенд се карактеризираше со разновидност. Екипата на Флик може да постигне гол на секаков начин: од прекин, долги топки, тика-така стил, со некое посебно движење на Томас Мулер, или само со блесок на брилијантниот Роберт Левандовски. Леверкузен може да постигне и два гола, но нема шанси тие да ја зачуваат својата мрежа празна.

Анализира: Јовица Симоноски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Арсенал и Манчестер Јунајтед се „тепаат“ за ѕвездата на ПСЖ

Францускиот репрезентативец Коло Муани сака да го напушти ПСЖ во зимскиот преоден рок. Кол…