Дома Македонски спорт Aдеми може да го напушти Динамо: Два клуба во борба за македонскиот репрезентативец?

Aдеми може да го напушти Динамо: Два клуба во борба за македонскиот репрезентативец?

Репрезентативецот на Македонија, Арјан Адеми ова лето би можел да го напушти Динамо Загреб, а како потенцијална дестинација се споменува Русија.

Руските медиуми објавија дека Спартак Москва и ЦСКА Москва се заинтересирани да го доведат Адеми во своите редови. Актуелната цена на трансфер пазарот на Адеми изнесува околу пет милиони евра, меѓутоа се очекува Динамо да бара повеќе затоа што неговиот договор има важност до 2023 година.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Адеми и во претходниот преоден рок се поврзуваше со заминување од Динамо меѓутоа тогаш иако имаше понуди се реши да остане. Во Динамо потоа се случија некои проблеми поради што си замина тренерот Бјелица, па ситуацијата е поинаква.

Ако Адеми го напушти Динамо тоа ќе биде првпат македонскиот репрезентативец да игра надвор од Хрватска. Претходно го носеше дресот на Шибеник и Локомотива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…