Дома Фудбал Останато Aгентот на Жоржињо: Трансфер во Јувентус? Нека се јават кај Грановскаја

Aгентот на Жоржињо: Трансфер во Јувентус? Нека се јават кај Грановскаја

Aгентот на Жоржињо зборуваше јавно за можната преселба на неговиот клиент во Торино.

Миралем Пјаниќ се поврзува со заминување од Јувентус, а како негов заменик низ медиумите најмногу се споменува Жоржињо. Сега во јавноста на оваа тема зборуваше агентот на италијанскиот репрезентативец Жоао Сантош и испрати јасна порака до директорот на Јувентус Фабио Партичи.

„Има многу шпекулации кои ги читав низ весниците, но никој од Јувентус уште не ме побарал. Маурицио го обожава Жоржињо како човек и играч, работеа добро заедно и тоа е се. Сега Жоржињо е фокусиран на Челзи и крајот на сезонатам работи и тренира за да биде спремен“.

„Според мене Јувентус ќе има проблем да го доведе Жоржињо поради пандемијата која промени многу. Неговиот договор е до 2023, заменик капитен е и важен играч. Не само Јувентус, секој кој би сакал да го доведе ќе има потешкотии. Ако веќе се заинтересирани нека се јават кај Марина Грановскаја и нека преговараат“, изјави Сантош.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Преговорите започнаа, Конте спремен да го преземе Манчестер Јунајтед

Италијанскиот стратег Антонио Конте е спремен да седне на кормилото на Манчестер Јунајтед …