Ракометарите на Металург го совладаа Загреб со 25:22 во натпревар од СЕХА лигата и направија убава увертира за неделниот натпревар против Чеховски медведи во Лигата на шампионите.
Младиот голман Мартин Томовски беше најдобриот играч на Металург, тој на голот застана во второто полувреме, а со неговите одбрани Металург стигна до клучната предност од пет голови (19:14).
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Загреб се обиде да се врати во мечот, намали на два гола негатива, но Томовски не дозволи целосен пресврт.
Инаку, првиот дел, започна со доминација на Загреб (3:7), но во втората половина од полувремето Металург возврати со иста мерка за 10:10.
Томовски мечот го заврши со 13 интервенции, а стрелците ги предводеше Обрадовиќ со пет голови.