Дома Фудбал Англија Марковиќ сепак останува на „Енфилд“

Марковиќ сепак останува на „Енфилд“

Трансферот на српскиот фудбалер Лазар Марковиќ од Ливерпул во Андерлехт пропадна во последните секунди од трансфер периодот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


И покрај тоа што клубовите се договорија за трансфер со откупна клаузула од 3,3 милиони евра, со осигурани 50% од следната продажба на Ливерпул, Марковиќ не успеа да се договори со бриселскиот клуб околу висината на платата.

Инаку, српскиот интернационалец влезе во последната година од неговиот договор со Ливерпул и на неделно ниво би требало да заработува околу 40,000 евра, што Андерлехт не можеше да го обезбеди.

Претходно интерес за Србинот покажа и грчкиот ПАОК, но договорот не беше постигнат. Марковиќ за Ливерпул постигна три гола во 34 натпревари во сезоната 2014/15, но од таа година не одигра ниту еден натпревар за „Црвените“. Во меѓувреме беше на позајмица во Фенербахче, Спортинг, Хале и Андерлехт.

Српскиот фудбалер на „Енфилд“ пристигна летото 2014. година за 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Португалците признаа: Нè спаси технологијата

Португалија со драматична победа од 2:1 против Хрватска обезбеди пласман во осминафиналето…