Дома Македонски спорт Мак ракомет Червар: Ќе биде тешко, Веспрем е апсолутен фаворит!

Червар: Ќе биде тешко, Веспрем е апсолутен фаворит!

По завршувањето на Светското првенство во Франција, прв предизвик за Металург ќе биде настап во СЕХА-лигата против Веспрем.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Стратегот на металурзите Лино Червар, вели дека Веспрем е апсолутен фаворит на средбата и дека ќе биде навистина тешко да се парира на мечот.

„По долгата пауза за СП во Франција, Металург им се враќа на обврските во СЕХА лигата. Наш прв противник во новата година е екипата на Веспрем која е еден од најсилните тимови во Европа и апсолутен фаворит на претстојната средба“.

„Веспрем е екипа која има одлични ракометари на секоја позиција и игра извонреден ракомет на кој тешко може да му се парира. Сепак, ние ќе се обидеме да го наметнеме нашиот стил на игра. Се надевам дека ќе имаме малку технички грешки и дека одбраната и нападот ќе имаат свој ден“, изјави Лино Червар.

Металург презими на 8.место на табелата во СЕХА лигата, со 10 бода од 13 одиграни натпревари, а натпреварот против Веспрем на програмата е утре во 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ЕХФ ѝ додели организација на Македонија на ЕП до 18 години!

Македонија доби уште една значајна организација на големо ракометно натпреварување, откако…