Селекторот на репрезентатицијата на Хрватска Златко Далиќ и дефинитивно ќе остане на таа функција откако на оваа селекција ја предводеше од второто место на Светското првенство во Русија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Далиќ имаше богати понуди, но и замерки кон поединци во сојузот, но на крајот после состанокот со првиот човек на Фудбалскиот Сојуз на Хрватска одлучи да остане на кормилото и да ја предводи селекцијата во новоформираната Лига на Нации.
„Ми беше важно отворено да разговарам со Шукер на сите теми и му се заблагодарувам за разбирањето. Сметам дека ги решивме сите прашање и сега сме спремни за новите предизвици“, изјави Шукер.
Многу веројатно, Далиќ прифатил нов, побогат договор. Селекторот на Хрватска соопшти и дека на 20 август ќе го соопшти списокот на играчи за пријателскиот натпревар против
Португалија, како и за против Шпанија во Лигата на нации.