Дома Топ вести Медиумите во Италија ја откриваат причината за враќањето на Бонучи во Јувентус

Медиумите во Италија ја откриваат причината за враќањето на Бонучи во Јувентус

bonucci

Денес се комплетира зделката помеѓу Јувентус и Милан.

Гонзало Игуаин и Матија Калдара ќе го облечат дресот на „росонерите“ додека во спротивен правец во Торино се враќа Леонардо Бонучи.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


„Пипита“ уште вчера вечер пристигна во Милан, а денес ќе ги помине медицинските прегледи по што ќе стави потпис на договор со клубот од Милано. Од друга страна Калдара и Бонучи, во Милано, односно Торино се очекуваат да пристигнат во текот на денешниот со оглед на тоа дека беа дел од припремите на своите клубови во САД.

Денешните медиуми во Италија пишуваат за причината поради која Бонучи се одлучил да се врати во Торино каде што го прогласија за предавник. Наводно, главната причина е – Кристиано Роналдо!

Бонучи смета дека со Роналдо може да ја освои Лигата на шампионите каде што веќе изгуби две финалиња.

Имаше понуда од ПСЖ од 10 милиони евра по сезона, се согласи на скоро двојно помалку во Јувентус (5.5), а со овој трансфер изгуби околу 10 милиони евра, колку што ќе заработеше доколку останеше во Милано.

Но, Бонучи уште пред еден месец практично им соопштил на пријателите од Јувентус во соблекувалната да се врати и преку Киелини издејствувал согласност од поранешните клупски соиграчи, но и Алегри на кого му е потребен искусен играч. Италијанецот се откажал од Годин, кога беше јасно дека Бонучи по секоја цена сака да се врати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Осимен

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал е силно заинтересиран за напаѓачот на Наполи, …