Бразилецот отворено проговори за своето актерство на теренот, но ја кажа и својата страна на приказната.
Нејмар за прв пат после Мундијалот во Русија зборуваше за своите актерски способности поради кои доби многу критики.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во фудбалскиот свет преовладува мислењето дека Нејмар премногу лесно паѓа на тревникот. Сега по повод ваквите коментари се огласи преку својот Твитер профил.
„Можеби понекогаш мислите дека претерувам, навистина понекогаш е навистина така. Но и јас патам на на теренот. Кога нема да дадам интервју, тоа не е затоа што сакам да го правам тоа само кога победувам, туку затоа што се уште не сум научил да ве разочарам. Кога изгледам некултурно, не е така затоа што сум размазено дете, туку затоа што се уште не сум научил да бидам фрустриран“.
„Се борам да го задржам детето во себе, но не на теренот. Понекогаш мислите дека паѓам премногу, но јас не паѓам, туку се распаѓам. Тоа боли многу повеќе од еден опериран зглоб. Долго ми требаше да ги прифатам вашите критики и да станам, нов човек, но само оној кој паѓа може да стане“, заклучи Бразилецот.
Eu caí. Mas só quem cai, pode se levantar. Você pode continuar jogando pedra. Ou pode jogar essas pedras fora e me ajudar a ficar de pé. Porque quando eu fico de pé, parça, o Brasil inteiro levanta comigo.#umnovohomemtododia
Assista o vídeo na íntegra: https://t.co/GKvLfqOIbB pic.twitter.com/3EFBx68zL8
— Neymar Jr (@neymarjr) July 30, 2018