На интернет се појави само мал дел од документарецот кој се припрема за претходната сезона на Манчестер Сити во која машинеријата на Пеп доминантно ја освои титулата.
Сити го собори рекордот по бројот на освоени бодови, второпласираниот Манчестер Јунајтед заврши на втората позиција со огромна негатива во однос на шампионот од 19 бодови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сето тоа беше повод да се сними документарецот под име „Аll or Nothing“ во кој се следи и анализира секој потег на екипата на Гвардиола во минатата сезона. Покрај тоа ќе имаме прилика да видиме и снимки од соблекувалната во кои се гледаат реакциите на играчиите после победите, но и поразите.
„До крајот на животот ќе ве бранам на прес-конференциите, но тука ќе ја зборувам вистината. Некои од вас играат подобро кога се бесни на мене и ако ме мразите, мразете ме момци! Немам проблем со тоа“, изјави помеѓу останатото Гвардиола после еден од ретките порази во претходната сезона.
Документарецот се очекува да започне со емитување кон средината на август.