Неколку дена пред трансферот во Јувентус, Кристиано Роналдо започнал да го плаќа својот долг кај шпанските власти поради обвинението за неплаќање данок.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Cadena Cope“ пренесува дека Португалецот веќе платил 13,5 милиони евра од целата сума која изнесува 18,8 милиони, па му преостануваат уште 5,3 милиони евра.
Роналдо беше обвинет дека прикрил данок во висина од 14,7 милиони евра од приходите за имиџ правата во периодот од 2011 до 2014 година, додека беше фудбалер на Реал Мадрид.
Долго време тој одбиваше да ја признае вината, но на крајот склучи договор со обвинителството да плат 18.8 милиони евра.
Според шпанските медиуми Роналдо може да добие и условна казна затвор од 2 години.