Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Русија како да е проколоната – крај на Мундијалот за еден од најдобрите?!

Русија како да е проколоната – крај на Мундијалот за еден од најдобрите?!

Нема репрезентација која имала толку проблеми со повредите како Русите.

Мундијалот започна, а Русија после нешто повеќе од 20 минути игра се соочи со проблем иако организациски и резултатски добро започнаа.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Еден од најдобрите руски фудбалери, Алан Џагоев мораше да го напушти теренот во 22 минута од натпреварот против Саудиска Арабија. Офанзивниот играч за врска на ЦСКА се повреди без никаков дуел. Само се фати за бутниот мускул и падна…

Изгледа дека во прашање е задната ложа и според првите проценки Мундијалот за него е завршен, а не треба да се трошат зборови да се каже колку овој играч е важен за домаќинот на Мундијалот.

Ова е само уште една во низата повреди со кои се соочија Русите пред Мундијалот. Поради повреда селекторот не може да смета на Александар Кокорин, Виктор Васин и стоперот Георги Џикија, сега веројатно го загуби и Џагоев…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Светот воодушевен од головите на Рајс, но не и Снајдер: “Тоа е екстремно лесно…”

Додека целиот фудбалски свет е воодушевен од головите на Деклан Рајс од слободни удари, из…