Кристиано Роналдо повторно е во центарот на вниманието откако после освојувањето на Лигата на шампиони најави можно заминување од Реал Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Португалецот во изјавата зборуваше во минато време за периодот на „Сантиаго Бернабеу“ и изјави дека одлуката ќе ја соопшти во наредните денови.
Тоа предизвика вистински шок, па Роналдо беше прва тема во сите медиуми и во преден план пред освоената титула на „кралевите“.
Синоќа на прославата на „Сантиаго Бернабеу“сите навивачи го скандираа името на Кристијано Роналдо и го молеа да остане, а тој им порача: „Ви благодарам, ќе е видиме и догодина“.
„Кристијано Роналдо е разглано детиште кое мисли само на себе. Фрли дамка врз славјето на освоената титула во Лигата на шампионите. Се измоча врз Реал Мадрид! И сето ова само за да му ја зголемат платата и да го изедначат со Лео Меси“, порача познатиот шпански сценарист и режисер Даниел Аревало преку Твитер.
Медиумите тврдат дека токму тоа е причината за ваквата изјава на Роналдо. Едноставно Португалецот не е задоволен што Меси и Нејмар заработуваат повеќе од него, па бара нов договор.
Cristiano Ronaldo is not unhappy at Real Madrid. He’s unhappy with how much he’s getting paid – He’s only on £350,000-a-week. Neymar’s on £600,000 and Messi is on £750,000. (Source: @SkyKaveh) pic.twitter.com/v8jPGAEyUe
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 27, 2018