Менаџерот на Манчестер Сити го пофали и му посака добредојде на Унаи Емери во Премиер лигата.
Емери денес и официјално стана нов тренер на Арсенал каде што ќе го наследи Арсен Венгер кој оваа функција ја извршуваше 22 години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
46 годишниот стратег пред пристигнувањето во Англија ги предводеше Пари Сен Жермен, Валенсија, Спартак Москва и Севиља.
„Емери е одличен менаџер, неговата кариера зборува за тоа. Работеше одлично во Шпанија, исто така и во Франција беше многу добро. Па, добродојде во Англија. Тој е уште еден квалитетен менаџер кој ќе работи тука“, изјави Пеп Гвардиола.
Шпанецот со Севиља дури три пати беше шампион во Лигата на Европа, а додека во ПСЖ ја освојуваше Лига 1 и купот.
Пеп потоа зборуваше и за сезоната на својот тим, како и за дел од плановите за наредната.
„Беше добра сезона, но сега е време за одмор. Играчите можат да уживаат во своите успеси и да се припремаат за наредната. Во фудбалот секогаш постојат нови предизвици. Големите клубови секогаш забораваат што направиле и размислуваат за нови успеси“, изјави Гвардиола.