Манчестер Сити одигра фантастична сезона и не само што ја освои титулата во Премиер лигата, туку и сруши многу рекорди.
Еден од најзаслужните за таквиот успех е секако тренерот Пеп Гвардиола, па раководството на „граѓаните“ сака да го задржи што е можно подолго во своите редови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двете страни преговараа веќе неколку недели, а денес Гвардиола и официјално стави нов потпис на нов договор со Манчестер Сити.
Каталонскиот стратег се обврза на верност кон „граѓаните“ до 2021 година, а иако финансиските детали од договорот не се познати, „Скај Спорт“ пренесува дека тоа е најбогатиот менаџерски договор во историјата на Премиер лигата.
Имено, медиумите на Островот пренесуваат дека Гвардиола со новиот договор годишно ќе заработва 23 милиони евра.
We’ve got ?? Guardiola! #mancity pic.twitter.com/JIpTiZB5rc
— Manchester City (@ManCity) May 17, 2018