Дома Фудбал Англија Видео: Гол технологијата реагираше, Брајтон го победи Манчестер Јунајтед и дојде на чекор од опстанок!

Видео: Гол технологијата реагираше, Брајтон го победи Манчестер Јунајтед и дојде на чекор од опстанок!

Денес на програмата во 37 коло во Премиер лигата беше одигран натпреварот помеѓу Брајтон и Манчестер Јунајтед.

Брајтон вечерва запиша минимална (1:0) и исклучително важна победа во борбата за опстанок во Премиер лигата.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


На самиот старт во третата минута Маруан Фелаини ја погоди мрежата на домаќинот, но Белгиецот се наоѓаше во очигледна офсајд позиција па неговиот гол беше поништен. Потоа во 20 минута се обиде Глен Мареј со удар од далечина, а Де Геа одлично интервенираше.

До крајот на првиот дел немаше премногу интересни детали, за потоа во вториот дел после само пет минути игра Пол Погба да излезе еден на еден со голманот на Брајтон, Мети Рајан кој излезе како победник во овој дуел.

Одлучувачкиот момент се случи во 57 минута. Центар шут од левата страна, топката стигна до Паскал Грос кој со глава успеа да ја испрати топката зад линијата, иако

Мартин Рохо интервенираше. Гол технологијата на главниот судија му сигнализираше дека топката ја минала гол-линијата.

На крајот Брајтон стигна до деветата победа и сега стигнаа до бројката од 40 освоени бодови кои најверојатно ќе им бидат доволни за опстанок во Премиер Лигата. Во овој момент тие имаат осум бодови предност во однос на Саутемптон на кого му остануваат уште три натпревари до крајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нови проблеми за Барселона: Се повреди и Феран Торес, познато колку ќе паузира

Eкипата на Барселона се соочува со сериозни проблеми кога во прашање се повредите. Нов лис…