Дома Македонски спорт Мак фудбал Демири прво засилување за Вардар!

Демири прво засилување за Вардар!

Бесим Демири е првото засилување за македонскиот шампион Вардар во зимскиот преоден рок, а во исто време клубот спогодбено го раскина договорот со Немања Мијушковиќ.

Демири игра на позицијата лев бек, има 22 години, беше дел од академијата на Бешикташ, а со Вардар договори тригодишна соработка. Има настапувано за Шкендија Арачиново, Шкупи и Шкендија од Тетово.

Левиот бек е член на младата репрезентација со која избори пласман на Европското првенство во Полска.

Во исто време Вардар спогодбено се раздели со дефанзивецот Мијушковиќ кој „црвено-црниот“ дрес го носеше во изминатите 18 месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …