Давид Бабунски готво сигурно во зимскиот преоден рок ќе ја напушти Црвена Звезда, а според она што го пишуваат медиумите веќе има неколку понуди на маса.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Покрај онаа на швајцарски Јанг Бојс, за македонскиот репрезентативец интерес покажува и турскиот прволигаш Бурсаспор.
Утрово, турските медиуми објавија дека тренерот на Бурса, Хамза Хамзаоглу сериозно се заинтересирал за услугите на нашиот репрезентативец и во него гледал како идеално решение во креацијата на играта.
Бурсаспор игра одлична сезона во турското првенство, во моментов е на петтото место на табелата, а според медиумите веќе започнале преговори со менаџерот на Бабунски.