Дома Фудбал Валверде: Ракитиќ е извесен за финалето против Севиља

Валверде: Ракитиќ е извесен за финалето против Севиља

Иван Ракитиќ кој пред шест дена го скрши прстот на левата рака, во сабота би можел да заигра за Барселона во финалето во шпанскиот куп против Севиља.

„Можно е да заигра во финалето“, истакна во понеделникот тренерот на Барселона, Ернесто Валверде на конференцијата за медиумите во Барселона. Тој Ракитиќ го изостави од списокот играчи на кои смета во вторник во првенствениот меч против Селта во Виго.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватскиот 30-годишен игррач заа врска во дуелот против Рома го скрши прстот, па го пропушти саботниот дуел со Валенсија во кој неговиот тим славеше со 2:1.

Во четвртокот преку социјалните мрежи тој ги извести фановите дека е направен оперативен зафат на прстот и се надева дека наскоро ќе се врати на теренот.

„Се надевам дека што побрзо ќе бидам подготвен за да се борам за преостанатите цели оваа сезона“, напиша на својот Инстаграм профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…