Без оглед на поразите од Ливерпул во Лигата на шампионите и Манчестер Јунајтед во Премиер лигата управата на Манчестер Сити му спрема нов договор на Пеп Гвардиола.
Манчестер Јунајтед во вчерашното дерби на „Итихад“ им го нанаесе првиот пораз на „граѓаните“ и така го одложи славјето на својот ривал (доколку Сити победеше и математички ќе ја обезбедеше титулата).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Граѓаните“ се наоѓаат пред елиминација во Лигата на шампионите, но и покрај тоа во Сити се задоволни од работата на Пеп Гвардиола.
Имено, според информациите од Островот, Пеп наскоро ќе потпише нов договор кој би го обврзал со англискиот клуб до 2022 година. Покрај тоа ќе добие значително зголемување на платата – од сегашните 15 на 22 милиони евра по сезона!
Гвардиола направи транзиција на тимот, а ова лето се очекуваат и нови промени, пред се се очекуваат засилувања во средниот ред.
На „Итихад“ би требало да пристигнат играчи кои ќе ги заменат Фернандињо и Јаја Туре, но се шпекулира и дека Шпанецот сака да ја засили конкуренцијата на левата бековска позиција.