Дома Фудбал Репрезентации Иновација на ФИФА: Четврта измена на Мундијалот во Русија?

Иновација на ФИФА: Четврта измена на Мундијалот во Русија?

Извршниот одбор на Светската фудбалска федерација во овој момент сериозно размислува да воведе големи иновации на Светското првенство во Русија идното лето.

Освен видеотехнологијата, сериозно се разгледува и предлогот да се воведе и четврта играчка замена. Додека за ВАР на големо се дискутираше, евентуалното правило на ФИФА за четврта измена привлекува се поголемо внимание.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Имено, иницијативата е за во завршницата на Мундијалот на репрезентациите освен досегашните три да им се овозможи и четврта размена.

Според извори блиски на Светската фудбалска федерација, извесно е дека оваа идеја ќе се реализира. Сепак, се уште не е познато дали дополнителната замена би била само за евентуалните продолженија или пак би се користела и во регуларниот дел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …