Дома Фудбал Англија Мурињо пред дербито: Играњето против Челзи ми значи се помалку и помалку

Мурињо пред дербито: Играњето против Челзи ми значи се помалку и помалку

Големото дерби од 28 коло во Премиер лигата ќе се одигра утре на „Олд Трафорд“, Манчестер Јунајтед го пречекува Челзи, а по повод овој натпревар на конференцијата за медиуми, зборуваше Жозе Мурињо.

Секако, Жозе се уште е во центарот на вниманието, бидејќи на два пати во својата кариера седнуваше на клупата на „сините“, но според зборовите на Португалецот нивната „љубов“ не е каква што била некогаш.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Играњето против Челзи секоја година ми значи се помалку и помалку. Секако, веќе неколку година помина од кога заминав од клубот, а нареднта сезона ќе бидат три, па четириии. Чекор по чекор мислам дека чуството дека бев тренер на Челзи полека исчезнува, па така ова за мене е само уште еден натпревар помеѓу два големи клуба“, изјави Мурињо кој потоа го прокоментира неговиот однос со Антонио Конте.

„Не сакам да зборувам за тоа, навистина не сакам“, краток беше Мурињо.

 

Натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Челзи се игра утре со почеток од 15:05 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Aтлетико има голем план: Ќе потроши 165 милиони евра за двајца Аргентинци!

Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид подготвува терен за доведување на нов централен бек, а зн…