Жозе Мурињо е разочаран после слабата партија против Севиља во Лигата на шампиони, па сака да направи промени во тимот.
Иако Португалецот има скапи ѕвезди во составот, неговиот тим не делува опасно на теренот, а тоа посебно се виде на дуелот со Севиља кога Де Геа ги спаси „црвените ѓаволи“ од пораз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од оние кои не се во добри односи со Мурињо е Пол Погба, па 24-годишниот Французин ја разгледува можноста да си замине од „Олд Трафорд“.
Покрај Погба, Мурињо планира да се ослободи и од Андер Ерера кој исто така не го покажа целиот потенцијал по доаѓањето во Манчестер Јунајтед.
Мурињо е спремен за промени во тимот на лето, а продажбата на Погба и Ерера ќе ја наполни касата на „црвените ѓаволи“, за да може „Специјалниот“ да ги донесе двете најголеми желби – Иван Ракитиќ од Барселона и Герет Бејл од Реал Мадрид.