Дома Фудбал Англија Гвардиола: Мојата Барса и овој Сити се две екипи со различен стил

Гвардиола: Мојата Барса и овој Сити се две екипи со различен стил

Каталонецот го според неговиот тим на „Ноу Камп“ и сегашниот на „Итихад“.

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека има големи разлики помеѓу играта на Барселона која тој ја предводеше и деншниот Манчестер Сити.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Гвардиола смета дека главна причина за тоа е различниот тим на играчи кои ги има на располагање.

„Кога го имате Чави, Иниеста, Бускетс, Меси, Фабрегас нормално е да играте ппреку средината. Но, кога имате играчи како што се Сане, Стерлинг, Де Брујн, тогаш напаѓаате по крилата. Играме на поинаков начин од Барселона која јас водев“, изјави Гвардиола.

Во секој случај на Гвардиола и двата стила му донесоа резултати. „Граѓаните“ од поодамна многумина веќе ги гледаат како нови шампион на Англија. Во Премиер лигата останаа уште 13 кола, а Сити во овој момент има 15 бодови предност во однос на градскиот ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …